МакедонијаНајново

НОВОТО ВЕШТАЧЕЊЕ ОТКРИ: Лошата патна сигнализација придонела за автобуската несреќа во Бугарија

Новото вештачење на автобуската несреќа во Бугарија покажала дека лошата сигнализација на патот придонела за трагедијата.

Еден од адвокатите во случајот кој застапува дел од жртвите на македонскиот автобус на „Беса транс“ кој во  раните утрински часови на 23 ноември минатата година, кој што удри во ограда на автопатот „Струма“, кај бугарското село Боснек при враќањето од Истанбул, за бугарските медиуми изјавил дека целата постапка влегува во судска фаза.

– Ќе поднесеме тужба во софискиот градски суд. Штетата е повеќе од два милиона лева и се однесува само за дел од жртвите кои ги застапуваме – вели адвокатот.

Како што пренесува „Бгонер“, вештакот констатирал два вида прекршоци – и на лице место, но и неколку километри пред местото на несреќата. Пред еден месец на истото место се преврте камион.

Меѓу загинатите 45 македонски државјани имаше 12 деца, а седуммина преживеаја. Предистражната постапка за случајот продолжува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons