Нов меч за Ставрев во Лига Европа, Стојчевски ќе му суди на Реал во младинската ЛШ
За 13 октомври се закажани натпреварите од четвртото коло во Лигата на Европа кое може да ги промовира првите осминафиналисти во натпреварувањето.
Во групата „Д“ Унион-Сент Жилуаз е многу блиску до пласман во осминафиналната фаза, има три победи и девет бодови на првото место на табелата.
Најблиску до Белгијците е португалската Брага која е второпласирана со шест бодови, на третата позиција е водечкиот во Бундеслигата Унион Берлин со три бодови, а ниту еден шведскиот Малме на македонскиот интернационалец Ердал Ракип.
Од 21.00 часот в четврток Александар Ставрев ќе го суди натпреварот помеѓу Унион Берлин и Малме. Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, а четврти судија е Јован Качевски.
Големо признание доби Игор Стојчевски кој ќе суди натпревар во младинската Лига на шампионите. Денеска од 12.00 часот во Варшава (Полска) во рамките од четвртото коло во групата „Ф“ ќе дели судиска правда на дерби мечот помеѓу Шахтјор Доњецк и Реал Мадрид.
Негови помошници ќе биат Даниел Василевски и Слаѓан Маркоски на Тренинг центарот на Легија.
Во групата „Ф“ по три кола води Реал со седум бодови, втор е Шахтјор Доњецк со шест, трет е Селтик кој има три, а последен е Лајпциг со еден бод.