МакедонијаНајново

Трошоците на живот во септември на годишно ниво зголемени за 18.7, а цените на мало за 14.7 отсто 

– Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18.7, а индексот на цените на мало за 14.7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1.6, а цените на мало забележале пад од 0.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9.9 %, свежото и разладеното овошје за 6.3 %, млекото за 5.7 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3.1 %, пивото за 2.9 %, лебот и житата за 2.6 %, месото за 2.2 %, виното за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, жестоките пијалаци за 0.6 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15.2 %, велосипедите за 9.1 %, мебелот и покуќнината за 6.9 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 6.1 %, малите алатки и останатите додатоци за 6.0 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5.9 %, теписите и другите подни покривки за 5.4 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 4.2 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3.9 %, течните горива за домаќинствата за 3.7 %, медицинските услуги за 3.3 %, производите за домаќинствата – нетрајни за 2.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2.7 %. Пораст е заблежан и кај рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена за 2.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за култура за 2.1 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 2.0 %, стоматолошките услуги, парамедицинските услуги за 1.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.8 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1.5 %, патниот патнички транспорт за 1.4 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 1.3 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 1.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, текстилот за домаќинствата, информатичката опрема за обработка на податоците, накитот, часовниците и рачните часовници, другите лични предмети за 1.0 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 0.9 %, фармацевтските производи за 0.7 %, другото образование за 0.6 %, терапевтските помагала и опремата, медиумите за снимање, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.3 % и високото образование за 0.2 %.

Намалување на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 % и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %.

Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.0 %, туристичките аранжмани за 13.2 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, услугите за сместување за 3.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.9 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.1 %, игрите, играчките и хобијата за 0.3 % и моторните возила за 0.2 %.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons