Актуелно

Западен Балкан на дневен ред на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур 

Поддршката на евроинтеграцијата на Западен Блкан е една од централните теми за кои ќе расправа Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на есенската сесија која започна денеска во Стразбур и ќе трае до петок.

Извештајот за пленарната сесија на ПССЕ што ќе се одржи утре го подготви грчкиот пратеник и поранешен премиер Јоргос Папандреу. 

На сесијата на ПССЕ ќе се расправа и за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација и за последиците од Брегзит за човековите права во Ирска. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија.

Според програмата, планирани се и дебати за злоупотреба на Шенгенскиот информациски систем од страна на државите за воведување политички мотивирани санкции, дискриминација на жените во спортот, безбедни трети земји за барателите на азил, мерки за управување со илегалната миграција за депортации на море и копно, како и за преглед на работничките права.

Маѓу настаните кои предизвикуваат посебен интерес е и најавеното обраќање на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа преку видеоконференција, а говори ќе одржат и претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, како и албанскиот премиер Албанија, Еди Рама.

На специјална церемонија во Советот на Европа во Стразбур ќе биде доделена Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2022 година, која ги признава извонредните активности на граѓанското општество во одбрана на човековите права, при што победникот ќе биде избран меѓу тројца кандидати од потесниот круг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons