6-годишно дете почина во битолската болница, дошло со отоци на очите, температура и повраќало 

Шестгодишно дете починало вчера во битолската болница после дадена инфузија. Директорот на болницата доктор Александар Обедниковскивели дека во инфузијата немало лекарства и исклучено е да се работи за анафилакса.

Детето беше донесено во општата болница Битола вчера во 10 часот наутро. Третирано е тука за рехидрирање. Додека се чекаат резултатите, му се слошило и направена е реанимација. За жал таа не била успешна. Детето е дадено на обдукција. Дошло со повраќање, покачена температура и оток на очите и било 2 дена дома третирано. Нема кај нас дадено никаков лек проверивме, туку само инфузија за рехидрирање, ни рече доктор Обедниковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons