Македонија

Македонија доцни и со вакцините за сезонски грип 

Вакцините против грип се уште не се пристигнати во земјата и неизвесно е дали имунизацијата годинава ќе почне на време. За 40 000 бесплатни дози што ги купува Министерството за здравство процедурите за набавка се завршени тврдат надлежните.

 Согласно договорот, вакцините ќе пристигнат до средина на месецов и по завршување на законски предвидените процедури во соработка со МАЛМЕД ќе почне да се спроведува бесплатната имунизација на ранливите категории население, велат од МЗ.

 И додека ние чекаме дали оваа сезона нема да ги утнеме роковите и вакцинацијата повторно да касни, во соседна Србија веќе истрошиле стотици дози а исто и во Грција. Епидемиолозите со став, колку порано почне заштитата од вирусот толку подобро.

-Јас секогаш, изминатите неколку години велам дека најдобро е во семтепври да се почне за да има време да се создаде тој имунитет. Но зависиме од увоз и тоа е, вели др. Сашко Олумчев епидемиолог.

Според препораките и од СЗО, центрите за јавно здравје треба да ги посетат трудниците, хронично болните и постарите од 65 години кои се ризични групи.

-Сите со кардиоваскуларни заболувања, со хронични болесети препорачано е да примат вакцина. Незнаеме како ќе биде, но мора да мислиме на грипот оти ако продолжи вака состојбата со омикронот, грипот ќе дојде на прво место, вели др. Олумчев.

 Освен бесплатните 40 000 вакцини, центрите за јавно здравје набавуваат и комерцијални, но засега се уште не е утврдена цената по која ќе им ја наплатуваат на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons