Британија ќе ги повлече санкциите за Русија но има еден услов
Главните услови за укинување на санкциите кон Русија се прекин на огнот и повлекување на војниците од Украина. Ова го изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, пренесуваат странските медиуми.
Во интервју за британскиот весник „Телеграф“, Трас посочи дека мерките може да бидат прекинати доколку Москва го промени својот курс, пренесе Ројтерс.
„Она што го знаеме е дека Русија потпиша неколку договори кои едноставно не ги почитува. Значи мора да има висока цена. Се разбира, санкциите се висока цена“, рече таа.blob:https://objektivno24.mk/c19af1a9-95f3-499a-b88c-d2147a2d6443
“Санкциите да се укинат само по целосен прекин на огнот и повлекување, но и доколку се обврзат дека нема да има натамошна агресија“, посочува Трасова.
„Исто така, постои можност брзо да се воведат санкции доколку има дополнителна агресија во иднина. Тоа е вистински лост што мислам дека може да се искористи“, рече таа.
– Овие санкции треба да бидат укинати само со целосен прекин на огнот и повлекување на војниците, како и обврски дека нема да има натамошна агресија. Дополнително, постои можност за примена на санкции доколку во иднина се случи дополнителна агресија. Тоа е вистински лост што мислам дека може да се искористи – рече Трус и додаде дека механизмот „не бил користен во 2014 година“.
Шефот на британскиот „Форин офис“ повика и на „удвојување на санкциите и бројот на испорачано оружје во Украина“.
Според нејзиното мислење, продолжувањето и зајакнувањето на ваквите мерки би можело да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса.
На 24 март Велика Британија воведе санкции за 59 физички лица и компании во Русија.
Ограничувањата ги опфаќаа Газпромбанк, Роселхозбанк, Алфа-банк, СМП-банка, Руски железници (РЗД), Совкомфлот, РусХидро и руски одбранбени компании.