СветХроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ПОПЛАДНЕВО: Шестгодишно дете загина откако падна во корито од машина за сушење пченка во Хрватска

Во местото Пољана во Хрватска и покрај реанимацијата, дете починало откако паднало во корито на машина за сушење пченка.

Дете (родено 2016 година) загина во Пољана откако паднало во корито на машина за сушење пченка. Полицијата за несреќата добила пријава во 16:45 часот.

– Како што неофицијално дознаваме, починало шестгодишно девојче. Екипата за брза помош се обидела да ја реанимира, но безуспешно, јавуваат хрватските медиуми.

Трагедијата се случила на улицата „Браќе Салача“ кај куќниот број 15. Ќе следи истрага, информираат од полициската управа на Пожега-Славонска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons