Магазин

Еве кога стартува со емитување новата хит серија „Ќуќен притвор“ 

Новата хит серија на телевизиските екрани – Куќниот притвор на инспектор Томислав Глобовски стапува во сила од 19 септември, во 20:15 часот на МРТ1 и Gley.tv.  

„Охо“ продукција ја најави новата македонска серија „Куќен притвор“, во која главната улога ќе ја има инспекторот Томе од „Преспав“.

„Куќен притвор“ е spin-off серија на најпопуларната ТВ серија „Преспав“.

Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.

Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons