Свет

Иран ја нападна пограничната полиција и царината на Албанија 

По кибернападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси, нов кибернапад од Иран е регистриран, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија.

Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори.

„Уште еден кибернапад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. Во меѓувреме, ние продолжуваме да работиме деноноќно со сојузниците за да ги направиме нашите дигитални системи непробојни“, напиша Рама на Твитер.

Кибернападот бил регистриран во 22 часот синоќа, по што системот бил исклучен за да не им се даде можност на хакерите да напредуваат, во преземањето на контролата врз овој систем, најважниот за албанската полиција.

Албанската влада веќе одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран, а САД воведе санкции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons