ССМ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО ВЛАДАТА ПРЕД ВИКЕНД – ќе ве тужиме во име на оштетените работници
Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат на национално ниво и во приватниот и во јавниот сектор во земјава, информира дека со оглед на тоа што ги претствува сите работници и се грижи за остварување и заштита на нивните права од работен однос, поднеле Тужба од јавен интерес против Република Северна Македонија, а Владата на Република Северна Македонија се јавува како тужена во постапката, поради тоа што со нејзиното непостапување, се дискриминирани голем број вработени во јавниот сектор односно.„Имено, Владата не постапи во целост согласно Закон за измени и дополнување на Законот за минимална плата објавен во Сл. весник бр. 41 /2022 година, со кој е утврдена висина на минимална плата во износ од 18.000 денари во нето износ, што преставува зголемување од 18,4 отсто во однос на вредноста на претходната минимална плата.
Согласно член 8 од Законот за минимална плата потребно беше да се усогласат платите на сите вработени со порастот на минималната плата.Платите на другите вработени кои имаат плата под минималната, за дел вработени се усогласени со порастот на минималната плата, а без оправдани причини и спротивно на закон, Владата не го направи тоа за сите вработени во јавниот сектор, односно паушално и без критериуми платите некаде не се зголемуват воопшто, а некаде се зголемуваат за одредени категории на вработени наспроти други категории на вработени во јавниот сектор за кои Владата е непосреден работодавач.Постапувајќи на овој начин Владата го наруши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците кој е уреден во член 9 од Уставот, во однос на остварување на нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос“, велат од Синдикатт во своето соопштение.
Натаму, велат, правото на „достоинствена заработувачка, односно заработувачка што обезбедува пристоен животен стандард“ е право гарантирано со меѓународните инструменти за човекови права. Правото на „соодветна заработувачка” е и уставно загарантирано право во земјава. Од 2012 година, ова право, се стекнува со дополнителна поткрепа, преку усвојувањето на Законот за минималната плата.„Неусогласувањето на колективните договори со Законот за минимална плата, односно одбивањето на Владата да се вклучи во суштествен социјален дијалог за зголемување на останатите плати пропорционално со зголемувањето на минималната плата е причина и за генерален штрајк во цел јавен сектор кој веќе трет месец трае онаму каде што не се усогласени платите на вработените и за прв пат во историјата на Македонската држава се случува генерален штрајк во цел сектор кој трае толку долго, а една Влада одбива да разговара со претставниците на работниците.
Владата добро знае дека е должна да постапи и да го примени член 8 од Законот за минимална плата и да ги зголеми платите за износот утврден во последното зголемување на минималната плата за сите вработени во јавниот сектор без дискриминација.Дотолку повеќе што во приватниот сектор особено каде што ССМ има синдикати, приватните работодавачи постапувајќи по законот ги усогласија колективните договори и ги зголемија платите на своите вработени, а истото го сторија и општините, градот Скопје и јавните претпријатија основани од општините и Градот Скопје, а останаа уште оние работници за кои е надлежна Владата како вработените во дел во министерствата и јавните претпријатија за кои е основач Владата.Произлегува дека без постоење на реални и оправдани причини, Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија постапи спротивно на Уставот и Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување на платите на сите вработени во јавниот сектор туку тоа го направи само за еден дел од вработените во јавниот сектор во државата.На овој начин Владата како тужена во постапката го повреди правото на еднаков третман и со пропуштање на дејствија и нивно непреземање го повреди правото на еднаквост со што прави дискриминација кон своите вработени“, пишуваат од СДСМ на фејсбук.Дополнително, со поднесувањето на оваа Тужба, ССМ ќе ги искористи и сите други достапни механизми и ќе поднесе соодветни Тужби и пријави пред меѓународните институции, за што, како што велат, веќе добиваат помош и поддршка од Европската конфедерација на синдикатите.