Свет

Потпишан нов договор помеѓу ЕУ и САД: Америка ќе ја снабдува Европа со гас 

Американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен најавија формирање на заедничка група за ставање крај на зависноста на Европа од руската нафта и гас.

Групата, со која ќе претседаваат претставници на Белата куќа и на Европската комисија, ќе има за цел да најде алтернативно снабдување со течен нафтен гас и да ја намали општата побарувачка за гас, наведува Си-Ен-Ен.

САД ќе работат на снабдување на Европа со најмалку 15 милијарди кубни метри течен гас во 2022 година, во партнерство со други земји, соопшти Белата куќа.

Европската зависност од руската енергија, гас и нафта се покажа како главна пречка во напорите на Западот да ја казни официјална Москва за интервенцијата во Украина, пренесоа американските медиуми.

Иако САД го забранија увозот од Русија, на Европа и е многу потешко да го стори тоа, се додава.

Новоформираната група има за цел да работи и на намалување на емисиите на стакленички гасови и ќе има ефект на намалување на емисиите на метан и зголемување на употребата на чисти извори на енергија, пренесува CNN.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons