Барди одби да игра за тимот на Руни во американската МЛС лига
Иако шпанските медиуми информираа дека Енис Барди наводно прифатил да се пресели во САД и игра во тамошната МЛС лига, во последен миг се откажа од понудата.
За македонскиот репрезентативец имаше интерес од ДиСи јунајтед предводен од тренеротејн Вејн Руни.
– ДиСи јунајтед продолжува да ги следи движењата пред крајниот рок за трансфери. Не завршија успешно сериозните преговори со играч од Шпанија – информираше новинарот на „Вашингтон Пост“, Стивен Гоф.
Подолг период се шпекулира дека можно е летово нашиот играч да го напушти Леванте, веќе неколку мечеви не е во составот за контролните мечеви како подготовка за новата сезона.
Изминатиот период спортскиот директор на Леванте потврди дека грчкиот шампион Олимпијакос би можел да биде следниот клуб на репрезентативецот на Македонија.