Детали за сообраќајката кај Сарај, повредени две лица
Две лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на автопатот Тетово-Скопје во атар на село Љубин.
Од МВР за Курир велат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди“ во тетовски регистерски ознаки управуван од Д.Д. (20) од Желино и „Форд фиеста“ со скопски регистерски ознаки управувана од И.Ш (31) од Сарај.
-Возачот на Фордот и неговата сопатничка С.М. (24) со итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар каде им се констатирани телесни повреди, информираат од МВР.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.