Актуелно

СЕ ПОСКАПО СТАНУВА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР – издадени обврзници со камати од 3,7 и 3,5 отсто 

Растат каматите по кои се задолжува државата на домашниот пазар преку државни обврзници. 

Ако пред месец и половина беше издадена државна обврзница без девизна клаузула, со каматна стапка од 3,1 отсто, неодамна државата издала два вида обврзници, а за кои ќе плаќа камати од 3,7 отсто и 3,5 проценти. 

Овие државни обврзници ќе котираат и на Македонската берза, и за нив неодамна известија од македонскиот пазар на капитал. Според информациите од Берзата, веќе од 22 овој месец на берзанскиот пазар ќе почнат да котираат овие две државни обврзници.

Првиот тип се државни обврзници без девизна клаузула, чија вредност изнесува 5,66 милиони евра, односно 348 милиони денари.

Всушност, државата издала 34.810 обврзници, на номинална вредност од по 10.000 денари за обврзница, и тоа на 16 јуни. Нивниот рок на отпата е 15 години, односно ќе достасаат во јуни 2037 година. 
Каматната стапка по која се задолжила државата изнесува 3,7 отсто. Со овие обврзници треба да има континуирано тргување.

Вториот тип на државни обврзници кои се издадени се со девизна клаузула. Вкупната вредност на емисијата е 6,16 милиони евра, или 379 милиони денари, а каматната стапка изнесува 3,5 отсто. Бројот на издадени обврзници е 37.900, со номинална вредност на една обврзница од 10.000 денари. Рокот е 15 години, со датум на достасување во јуни 2.037 година. 

Пред месец и половина пак, државата издаде 15 годишна домашна обврзница, со каматна стапка од 3,1 отсто, издадена од Министерството за финнии. И таа веднаш почна да котира на Македонската берза. Обврзницата е без девизна клаузула, а вредноста на емисијата беше 15,83 милиони евра. Датумот на нејзиното достасување ќе биде мај 2037 година.

Државата кога се задолжува на домашниот пазар обично во тие државни хартии од вредност вложуваат домашните банки или институционлните инвеститори, на пример фондови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons