Повторно тензично во Собранието: Викање и тропање на Комисијата за европски прашања
И по три обиди денеска никако да започне со работа Комисијата за европски прашања.
Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа го зема статичниот уред со микрофон и стана пред потпретседателката на Комисијата за европски прашања, за да говори
Потпретседателката Арта Биљали-Зендели ја замоли пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ да седне на место.
-Јас овде стојам бидејќи некој си поигрува со мојата приватност и моето право да седам од столче и да говорам. А не ми е овозможено, бидејќи треба постојано тука да трчам за да ја спречам заменик претседателката, професорка по право, овде да го силува правото и демократијата, да чита членови кои се однесуваат на пленарна седница, кажа Дафина Стојановска.
Таа одби да седне на место се додека не се дозволи измена и дополнување на дневниот ред.
Потпреседателката и во третиот обид по само 20 минути, даде пауза на Комисијата.
Биљали-Зендели и претходно побара претставникот на Владата да се произнесе за амандманите, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање. Откако таа не дозволи, тие почнаа да удираат по масите.
Во салата нема никаков ред, а пратениците застанаа пред пултот на Биљали за да бараат процедурално обраќање.
Видео на линкот.