Македонија

Радев: Промената на македонскиот Устав е веќе прифатена 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара Владата на Бугарија да се произнесе со став за предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија.

-Сегашниот пристап не може да функционира. Бугарската Влада треба да даде мислење врз основа на стручноста на бугарското Министерство за надворешни работи и доколку на кој било начин ја ажурира националната рамковна позиција со своја одлука, дури потоа да ја испрати до Парламентот на одобрување, а не обратно – изјави Радев во Литванија.

Според Радев, Рамковната позиција на Бугарија во 2019 година беше утврдена и усвоена со одлука на тогашната бугарската Влада и потоа поддржана со Декларација одобрена од страна на тогашниот состав на Собранието.

-Навистина има напредок. Промената на Уставот на Република Северна Македонија е веќе прифатена да се случи. Во Софија никогаш не сме зборувале за малцинство, туку за рамноправност на македонските Бугари, која ја заслужуваат. Прво да се промени Уставот, па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ – додаде Радев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons