Македонските кадетки ја победија Грција и се пласираа на Европско првенство
Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија (У17) се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи во 2027 година откако денеска ја совлада и Грција.
Во еден меч со малку голови, Македонија со 18-13 ја совлада Грција и преку квалификацискиот турнир кој се играше во Скопје обезбеди место на ЕВРО 2027 У17 кое ќе се одржи во Црна Гора.
Најефикасна во македонскиот тим беше Ана Стојчевска со пет голови, додека Анастасија Цимура постигна четири погодоци за Грција.
Македонија претходно го совлада Косово, а загуби од Литванија.



