МакедонијаНајново

ФОТО: Драматични сцени од пожарот во Охрид – Осум лица во болница

Осум лица завршиле во болница по пожар што избувнал во стан на улицата „Гоце Делчев“, во населбата Даљан во Охрид. Сите биле хоспитализирани во Општата болница во Охрид поради повреди и потешкотии со дишењето предизвикани од вдишување чад.

Фотографии од пожарот и интервенцијата објави Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид, од каде информираат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите била спречена поголема катастрофа.

ФОТО: ТППЕ Охрид – Пожарникари, Фејсбук

Екипите презеле соодветни техничко-тактички мерки за локализирање и гаснење на пожарот, како и за евакуација на станарите од објектот.

Од ТППЕ Охрид им посакаа брзо закрепнување на хоспитализираните лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons