Супер голот на Нтанзи се најде меѓу најдобрите пет на колото
Еурофарм Пелистер синоќа со убедливи 34-27 ја победи екипата на Вибжеже Гдањск, а еден од погодоците на битолчани се најде на топ листата за најубави голови на колото на Европската лига.
Саду Нтанзи постигна прекрасен гол, а тој погодок беше трет најубав на колото.



