МакедонијаНајново

Во Македонија секој втор возрасен пуши

50% од возрасните во Македонија пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Иако цените на цигарите растат, тие станале за 17,3% подостапни во однос на просечната плата. 62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња. Ова се резултатите од истражувањето на тинк-тенк организацијата Аналитика кој утре во соработка со СЗО во Скопје ќе ја одржат националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“.

Кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот. Овие бројки отвораат сериозни прашања: Дали сегашната акцизна политика е доволна? Зошто пушењето и понатаму е толку високо? Како се спроведуваат забраните за пушење? И кои конкретни мерки треба да ги преземат институциите?

Овие прашања ќе бидат во фокусот на конференцијата и институционалната панел-дискусија. Настанот ќе го отвори министерот за здравство, Сашо Клековски, а свое обраќање ќе има и д-р Аким Али, шеф на канцеларијата и специјален претставник на СЗО. На панел-дискусијата ќе учествуваат претставници на Институтот за јавно здравје, Царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons