МагазинНајново

Денот ќе биде ветровит и дождлив со пролетни температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјава, каде што се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 6 до 11 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons