Спорт

Рустемовски победи и се пласира во четвртфинале на ЕП У23

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се избори за четвртфинале на Европското првенство до 23 години во Пореч, откако со прекин го совлада Полјакот Јакуб Палка.

Во категоријата до 60 килограми, Рустемовски целосно ја контролираше борбата, а клучниот момент се случи во третата рунда. Македонецот двапати го турна Палка на подлогата, по што судијата ја прекина борбата на една минута пред истекот на времето.

Рустемовски со оваа победа останува во конкуренција за одличје на континенталниот шампионат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons