Лазаров го објави поширокиот список за СП во Германија
Македонската ракометна репрезентација во јануари ќе настапи на Светското првенство во Германија, а селекторот Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за пат на Мундијалот.
Лазаров објави список од 35 ракометари кои ќе биде скратен во наредниот период.
Светското првенство се игра во Германија од 13 до 31 јануари. Македонската репрезентација е дел од групата Х заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од групната фаза ги играме во Магдебург.




