МагазинНајново

УХМР со метеоаларм: Ветерот ќе надмине 80 километри на час, ќе истури дожд

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денеска, 18 ноември, поради најавени пообилни врнежи од дожд и повремено силен ветер.

Според предупредувањето, на одредени места се очекуваат врнежи над 15 литри на квадратен метар, додека ветерот од југозападен правец повремено ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час.

Од УХМР предупредуваат на временските услови, особено поради засилувањето на ветерот, кој може да создаде проблеми во одредени подрачја.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во периоди на посилен ветер, како и при патување во подрачјата каде што се очекуваат пообилни врнежи.

Метеоалармот се однесува на денешниот ден, 18 ноември 2026 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons