Спорт

Ненад Димитријевиќ го „режираше“ најубавиот потег на колото во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ беше дел од акцијата за најубавиот потег во седмото коло на Еврокупот.

Арис ја совлада Рига со убедливи 105-81 во седмото коло од Еврокупот, а натпреварот го одбележа и атрактивниот потег на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Неговото додавање за цепелин беше избрано за најубав потег во оваа рунда, па Македонецот се најде на врвот на листата со десет најатрактивни моменти од одиграните натпревари.

Димитријевиќ има значајна улога во играта на грчкиот тим оваа сезона, со просек од 13 поени, 3,1 скок и 4,1 асистенција по натпревар во Еврокупот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons