Ново поскапување на горивата: Дизелот поскапува за 2 денари – цените на бензините остануваат исти
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111.5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, додека пак ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 109,5 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува иста, односно ќе се продава за 105,0 денари за литар.
Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 56,3 денари.