Магазин

Јована Станковска продолжува да ги поместува сопствените граници – го положи последниот испит на Правниот факултет

Јована Станковска од Куманово сподели дека го положила последниот испит на Правниот факултет, со што заврши уште една значајна етапа од нејзиното образование.

фото: Фејсбук/Јована Станковска

Јована ѝ е позната на македонската јавност по нејзината долгогодишна борба со церебрална парализа и хуманитарните акции преку кои се собираа средства за нејзиното лекување, операции и рехабилитација во странство. Во изминатите години, таа често гостуваше во поткасти и интервјуа, каде отворено зборуваше за своето искуство, предизвиците со кои се соочува и патот што го изодела.

Нејзината приказна привлече внимание и поради поддршката од бројни граѓани, организации и јавни личности. Меѓу нив е и актерот Игор Џамбазов, кој во септември годинава најави дека паричниот дел од наградата „Васил Иљоски“ ќе го донира за нејзиното лекување.

Овојпат, поводот за нејзината објава е академски успех. Со положувањето на последниот испит, Јована затвора важно поглавје од студентскиот живот и се приближува до завршувањето на студиите.

Веста предизвика позитивни реакции кај оние што со години ја следат и ја поддржуваат, но и кај сите што со нејзината приказна се запознале преку јавните настапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons