Македонија

Француски предлог: ЕУ да гарантира дека Скопје ќе ги исполни барањата на Софија 

Француското претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација.

Според првичните информации коишто пристигнуваат во врска со францускиот предлог, тој предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

„Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји – членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа. „Западен Балкан треба да се придвижи кон ЕУ“, пишува бугарскиот портал Медиапул, повикувајќи се на изјави на дипломати.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons