МагазинНајново

Дожд, силен ветер и снег на планините: Какво време нè очекува денеска?

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска, 27 октомври, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а ќе дува умерен, повремено засилен до силен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. На одделни места се очекуваат налети на ветерот со брзина над 60 километри на час.

Поради најавениот силен ветер, се препорачува зголемено внимание при движење на отворено, особено на изложени места и во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons