Студенти го блокираа музејот Лувр во Париз, над 2.300 лица приведени во Франција
Демонстранти денеска го блокираа влезот во музејот Лувр во Париз, изразувајќи поддршка за националното движење на средношколците и осудувајќи ја полициската репресија.
Раководството на музејот и синдикатите потврдија дека, како резултат на тоа, институцијата не можела да се отвори во предвиденото време, пренесува Еуроњуз.
Од раководството додадоа дека протестот бил предводен од студенти од „Екол ди Лувр“. На леток истакнат пред музејот пишувало: „Гордо објавуваме дека го блокираме најголемиот музеј во светот“.



