(ВИДЕО) Русите погодија резервоар со азотна киселина во Северодонецк поради што граѓаните не смеат да излегуваат 

Русите погодија хемиска фабрика во градот Северодонецк во областа Луганск во Украина. 

По ова на жителите им е кажано да останат во засолништата.

„Не излегувајте од засолништа и подгответе ги маските за лице кои треба да бидат намокрени со раствор од сода, Русите погодија резервоар со азотна киселина“, напиша гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај на „Телеграм“.

Тој ги предупреди граѓаните да ги преземат посочените мерки, затоа што азотната киселина може да предизвика оштетување на белите дробови и губење на видот.70 отсто од градот е во рацете на руските сили. Освојувањето на овој град е приоритет за Русите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons