МакедонијаНајновоПолитика

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Најнапред, дозволете ми да упатам искрена благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои вчера излегоа на гласање и го остварија своето демократско право на глас.

Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат.

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг. 

Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. 

Ова е резултат кој не прави горди, но пред се и не обврзува.

Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата.

Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот.

Посебно сакам да ја истакнам позитивната атмосфера, заедништвото и големата енергија што ги почувствувавме во Брвеница во текот на оваа кампања.

Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес.

И токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено.

Почитувани граѓани, резултатот од првиот круг е јасен показател за довербата што граѓаните му ја дадоа на нашиот кандидат.

Ова е признание за вложениот труд, за непосредниот пристап кон граѓаните и за искрената желба, Брвеница да продолжи да се развива.

Пред нас е вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 ноември.

Во него влегуваме со голема предност, со позитивна енергија, со уште поголема мотивација и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба.

Одиме на убедлива победа во вториот изборен круг и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница.

Нашата цел е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

На крајот, уште еднаш, голема благодарност до сите граѓани на Брвеница за довербата, за поддршката и за достоинственото учество во изборниот процес.

Продолжуваме заедно, обединети и посветени на иднината на Брвеница.


Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons