Македонија ЃП ја доби ЦСКА Софија во Конференциската лига
Македонија Ѓорче Петров ја доби ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
По дуелите на репрезентативно ниво меѓу Македонија и Бугарија во Лигата на нации, и клубови од двата соседи ќе се сретнат на фудбалскиот терен.
Македонија Ѓорче Петров како освојувач на купот го скокна првото квалификациско коло во Конференциската лига, а денеска го доби противникот за второто, тоа е екипата на ЦСКА Софија. Првиот меч се игра во Софија на 21 јули, реваншот е седум дена подоцна во Скопје.