МакедонијаНајново

ЕСМ со апел: Проверете си ги радијаторите пред почетокот на грејната сезона

Од ЕСМ Снабдување со топлина апелираат до сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ, навреме да се подготват да ги завршат подготовките за претстојната грејна сезона.

Оттаму потсетуваат дека редовното одржување на парното во домовите е обврска на граѓаните и додаваат дека секоја извршена интервенција на овие инсталации треба да се пријави во Центарот за грижа на потрошувачи.

-За правилно функционирање на системот, неопходно е да се обезбеди пристап на службените лица до топлинските потстаници, како и редовно електрично напојување на потстаниците. Апелираме до заедниците на сопственици навремено да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници и да проверат дали електричните инсталации се функционални – велат од ЕСМ Снабдување.

Официјалниот почеток на грејната сезона е предвиден за 15 октомври, но од ЕСМ потенцираат дека парното може да се пушти и порано доколку средната температура за наредниот ден изнесува 12 степени или помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons