Свет

Трамп: Знам повеќе од кого било во светот (ВИДЕО)

Зборувајќи за економските проблеми и растечките трошоци за живот, Трамп од сцената кажа: „Знам повеќе за инфлацијата, знам повеќе за сè од кој било во оваа сала. Од кого било каде било во светот“, изјави Трамп, а потоа покажа кон публиката: „Погледнете, таму седи една жена. Таа е домаќинка, но е многу добра. Има природен инстинкт за бизнис. Можеби знае повеќе од мене, но всушност не го мислам тоа“.

Ваквите формулации совршено се вклопуваат во долгогодишниот модел на јавни настапи на Трамп. За време на неговата политичка кариера тој веќе во неколку наврати тврдеше дека знае повеќе за терористичката организација ИСИС од американските генерали, дека ја разбира технологијата подобро од кој било друг во светот, додека самоуверено тврдеше дека ги разбира обновливите извори на енергија многу подобро од научниците кои се занимаваат со животната средина и климата.

Но, новиот бран на вакви изјави доаѓа во време кога американската јавност сè поотворено ја доведува во прашање неговата ментална состојба, особено откако списанието Тајм го објави целосниот транскрипт од 75-минутниот разговор со Трамп, кој се протега на дури 11.000 зборови.

Како што напиша списанието Слејт во анализата на тој разговор, интервјуто откри моменти на сериозна конфузија, неповрзан говор и параноја. Така, Трамп целосно се изгуби пред новинарите за тоа каде престојувал во изминатите неколку дена, мешајќи градови и турнири и тврдејќи дека бил претседател на голф турнирот „Претседателски куп“ во година во која натпреварот воопшто не се одржал.

Американскиот претседател понуди целосно неповрзани одговори на прашања за клучните кризи во надворешната политика. Зборувајќи за жариштата на војната и ситуацијата во Газа, во ист здив тој премина од пофалби за економијата до тврдења за „цветање среде пожар“, додека мртов ладен им предложи на новинарите да ги прашаат поранешните претседатели Џон Ф. Кенеди и Линдон Џонсон за долготрајните војни, иако двајцата се одамна мртви.

Американските аналитичари предупредуваат дека со текот на годините, јавноста донекаде се навикнала на мегаломанските тврдења и вербалните испади на Трамп, но појавувањата како овој во Алабама или интервјуто за Тајм покажуваат дека на американскиот претседател му е сè потешко да остане во контакт со реалноста, а во исто време донесува одлуки со глобални последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons