Ѓоковиќ со победа тргна на турнирот во Пекинг
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, победи во првиот меч на турнирот во Пекинг, Србинот беше подобар од Нуно Боргеш со 2-0 во сетови.
Ѓоковиќ релативно лесно го доби дуелот, во првиот сет беше подобар од противникот со 6-3, во вториот сет се играше тајбрек кој го доби Србинот со 7-2.
Мечот траеше еден час и 52 минути.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Кинезот, Јунчаокете Бу.
Новак Ѓоковиќ е шести носител на турнирот во Пекинг.



