Спорт

Рустемовски е прогласен за „Спортист од светска категорија“

Македонскиот боксер, Ален Рустемовски, денеска беше на прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски.

Рустемовски освои бронза на Европското првенство во бокс кое се одржа во Софија.

„Ален Рустемовски по речиси две децении ја врати Македонија на европскиот боксерски пиедестал.

Денеска го пречекав Ален во Министерството за спорт и му честитав за бронзата од Европското првенство во Софија – резултат до кој стигна со три победи и со огромна борбеност.

Овој резултат му носи и статус „Спортист од светска категорија“, а со тоа и конкретна државна поддршка.

Минатата година го прогласивме за најдобар млад спортист. Денес тој покажа дека ова признание заслужено е во негови раце.

За Ален ова е втор голем медал за неполн месец, по бронзата од Медитеранските игри во Таранто и најдобра потврда за неговиот квалитет, но и за неговата работа, дисциплина и упорност.

Ален, честитки за историскиот успех!

Македонија верува во тебе и ќе продолжи да стои зад тебе на патот кон нови европски, светски и олимписки предизвици“, објави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Статусот „Спортист од светска категорија“ му носи и парична награда на Рустемовски, во наредните четири години тој месечно ќе добива по две просечни македонски плати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons