Тешка сообраќајна несреќа попладнево во Скопје: Прегазено е дете, возачот е уапсен и одземено му е возилото
Во сообраќајна незгода повреден е малолетен пешак, возилото е одземено поради сторено кривично дело “безобѕирно управување возило”, следува пријава.
Денеска (27.09.2026) во 16:00 часот на ул.”Славеј Планина” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки управуванo од Б.С.(25) и малолетен пешак од Скопје.
Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар Мајка Тереза каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено поради сторено кривично дело по член 297-а од страна на возачот Б.С. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



