Немања Матиќ повторно ќе работи со Мурињо, потпиша за Рома
Српскиот интернационалец Немања Матиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Рома. Матиќ на „Олимпико“ пристигна на барање на Рома, Жозе Мурињо со кого работеше во Манчестер јунајтед и во Челси.
– Клубот со задоволство може да го потврди договорот со Немања Матиќ кој стави потпис едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година – стои во соопштението на Рома.
Матиќ за прв пат во кариерата ќе настапува во Серија А, откако најголем дел од кариерата помина во Премиер лигата носејќи го дресот на Челси и на Јунајтед.
– Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи. Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи – рече Матиќ кој е првото засилување на Рома за следната сезона.