Спорт

Зверев го освои УС Опен, Германецот не беше свесен дека е крај на мечот

Германскиот тенисер, Александер Зверев го освои вториот грен слем турнир оваа година, втор во неговата кариера откако со 3-1 (6-3, 7-6, 5-7, 6-2) во сетови го совлада Бен Шелтон.

Зверев на најдобар можен начин ја заокружи најуспешната година во неговата кариерата освојувајќи два грен слем турнири.

Германецот влезе како прв носител на УС Опен и го оправда тоа. Тој бавно го почна турнирот со тешки победи, но како одеше понатаму така му беше полесно, па и финалето го доби релативно лесно.

Американскиот тенисер Бен Шелтон се обиде да парира, имаше свои периоди во финалето, но на крајот загуби.

Интересен беше последниот поен. Зверев победи, но не беше свесен дека е крај на мечот, Германецот мислеше дека дуелот уште трае. Но кога ја виде публиката, му стана јасно дека е освојувач.

„Мислев дека е 5-2, тренерите ни велат да го играме секој поен за себе, да не го гледаме резултатот, па можеби и затоа не бев свесен дека победив“, рече Зверев по мечот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons