Маж утрово се фрлил во Вардар, пренесен во болница
Маж утрово скокнал во водите на Вардар, по што бил извлечен и со Брза помош пренесен во болница.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен околу 8 часот, а на местото веднаш излегле полициски службеници.
Лицето било пронајдено во реката и со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, информираа од МВР



