Марк Маркез победи на спринтот, пол-позицијата во Мизано за Бецеки
Марк Маркез славеше на спринтот за Големата награда на Сан Марино во Мото ГП.
Возачот на Дукати стартуваше втор, но веднаш го мина Марко Безеки и го презеде водството, кое го задржа до самиот крај. Со ова Шпанецот стигна до 21. спринт-победа во кариерата.
Безеки во финишот успеа да ја намали разликата, но немаше доволно простор за напад, па мораше да се задоволи со второто место. Трет заврши Хорхе Мартин, кој немаше темпо за директна борба за победата.
Претходно во квалификациите за двете трки пол-позиција освои Марко Бецеки со рекорд на патеката (1.29,982 минути)



