Актуелно

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати, известија од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари:
Општина Штип: Помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Пискупштина, с. Луково и с. Буринец (шума);
Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
Општина Студеничани: с. Палиград (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (нискостеблеста шума);
Општина Кичево: место викано Дардара, с. Тајмиште (ниска вегетација и мешана шума).

Пожари под контрола:
Општина Македонски Брод: селата Битово, Заград и Страјане (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума);
Општина Македонски Брод: с. Белица (ниска вегетација и шума);
Општина Зелениково: над с. Палиград (мешана шума);
Општина Делчево: Градска депонија Острец (депонија).

Изгаснати пожари:
Општина Велес: с. Бузалково (стрниште);
Општина Чашка: с. Теово (ниска вегетација);
Општина Демир Капија: кај мостот Демир Капија (бали со сено);
Општина Ново Село: с. Стиник (ниска вегетација и шума);
Општина Ново Село: с. Ново Село (депонија);
Општина Струмица: с. Куклиш (дива депонија);
Општина Струмица: с. Банско (дива депонија);
Општина Валандово: с. Казандол (шума);
Општина Боговиње: с. Јеловјане (ниска шума);
Општина Јегуновце: с. Жилче (ниска вегетација);
Општина Гостивар: м.в. Касарни – с. Горна Бањица (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Прилеп: над Касарните (депонија);
Општина Прилеп: м.в. Кај Ножот (ниска вегетација);
Општина Прилеп: кај Дата центар (ниска вегетација и ѓубриште);
Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Општина Виница: с. Градец (нискостеблеста шума);
Општина Сарај: с. Бојане (ниска вегетација);
Општина Сарај: Долна Арнакија (ниска вегетација);
Општина Сарај: Горна Арнакија (ниска вегетација);
Општина Арачиново: с. Орланци (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Чучер-Сандево: с. Кучевишка Бара (ниска вегетација);
Општина Студеничани: с. Цветово (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
Општина Шуто Оризари: ул. „Брсјачка Буна“ (ѓубриште);
Општина Могила: с. Вашарејца (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Матејче (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Гошинце (ниска шума);
Општина Ранковце: с. Герман (патничко возило и борова шума);
Општина Куманово: Романовски Пат (ниска вегетација);
Општина Старо Нагоричане: с. Зебарњак (ниска вегетација);
Општина Струга: с. Заграчани (ниска вегетација).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons