Спорт

Бронзен медал за Миљана Рељиќ на СП за жени во таеквондо

Нашата најдобра спортистка за 2024 таеквондистката Милијана Рељиќ на Отвореното Светско првенство за Жени Г-4 во Таијуан, Кина освои БРОНЗЕН МЕДАЛ.

Во категоријата -62кг каде имаше 43 натпреварувачки Милијана во првото коло издвојува победа над домаќинката Јијао Санг од Кина со 2:0 во рунди, во следното коло беше поуспешна од Узбекистанката Мохидил Уктамјонова со тесен резултат од 2:1 во рунди.

Во борбата за медал Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј Чиа Веи Ванг исто така во нерешена борба со 2:1 во рунди.

Така таа стигна во полуфиналето каде се сретна со Руската претстсавничка Софија Мотлок.

Во тесна борба и буквално десетинки не делеа да стигнеме до финалето, сепак русинката беше поуспешна со 1:2 во рунди. Ова е извонреден резултат и дополнителни 14,4 поени што ќе ја вивнат Мила во први 16 на Олимписката ранкинг листа и на одличен пат за норма за Лос Анцелес 2028.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons