Забраната за движење во шума продолжена до 30 септември
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година.
Од ресорното министерство упатија апел до сите граѓани за посебна претпазливост, со цел да се спречи појавата на нови пожари на отворен простор.
Мерката се спроведува со цел превенција и заштита на шумскиот фонд и природните ресурси во периодот на зголемен ризик од пожари.



