Лефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници
Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница.
Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата.
Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага.
Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ.
Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче.
Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар.
За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023.
И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба.
Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



