Свет

Иран: Ормуска Теснина останува затворена

Калибаф прецизираше дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции поврзани со извозот на иранска нафта, деблокирање и ослободување на замрзнатите ирански финансиски средства, како и итен прекин на сите закани и воени операции на сите фронтови.

Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент.

Калибаф прецизираше дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции поврзани со извозот на иранска нафта, деблокирање и ослободување на замрзнатите ирански финансиски средства, како и итен прекин на сите закани и воени операции на сите фронтови.

Меморандумот за разбирање, кој беше потпишан на 17 јуни со предвидена временска рамка од 60 дена и можност за продолжување, имаше за цел да овозможи преговори за поширок договор за иранската нуклеарна програма и другите отворени прашања. Меѓутоа, договорот брзо пропадна поради длабокиот спор околу контролата врз Ормуска Теснина — клучна поморска рута низ која пред избивањето на воениот конфликт минуваше околу една петина од светската трговија со нафта и течен природен гас.

По ескалацијата на несогласувањата, американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јули изјави дека со договорот „е завршено“, по што иранското Министерство за надворешни работи една недела подоцна официјално го прогласи Меморандумот за „суспендиран“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons