Актуелно

Поскапуваат дизелот и бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons