Спорт

Дарио Ивановски го освои 46. место на Европското првенство во Бирмингем

Најдобриот македонски атлетичарДарио Ивановски го заврши настапот на Европското првенство во Бирмингем со 46. место на маратонот, во конкуренција на 60 натпреварувачи.

Европската титула ја освои ГерманецотПетрос со време 2:09:01, со што постави и нов рекорд на патеката. Само седум стотинки зад него заврши Италијанецот Рива, додека бронзениот медал му припадна на Израелецот Ајал, кој заостана десет стотинки зад победникот.

Во женската конкуренција најбрза беше Алиша Ваинио, која со време 2:22:26 убедливо триумфираше во маратонот. Второто место ѝ припадна на Унгарката Лили Ана Виндих со 2:27:26, додека бронзениот медал го освои домашната натпреварувачка Аби Донли со време 2:27:33.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons